Име на болест: Вертицилиозно венење - Verticillium albo-atrum -Verticillium dahliae
Култура: ЈАГОДА
Опис: Доколку се заразени млади растенија, тие обично изумираат со претходно венење, а доколку се заразени постари растенија, тие заостануваат во растот, имаат поситни светлозелени до жолтеникави листови и потоа венат поединични делови од растенијата и цели растенија. Двете габи се развиваат како сапрофитни во почвата. Инфекциите се остваруват преку раните на кореновиот систем. Препорачливо е да се уништуваат растителните остатоци, бидејки овие паразите напаѓаат и голем број плевелни растенија. Хемиските средства, исто така целосно не ги уништуваат овие габи, но само до извесен степен го задржуваат нивниот развој во растенијата. Најефикасна мерка е одгледување на отпорни сорти.



повеќе слики >>

Препарати