Опис: Карактеристичен симптом е жолтеењето на рабовите од листовите, кое се шири кон нерватурата. Во есен, кај ваквите растенија настапува предвремено поцрвенување. Во лето, при високите температури и недостаток на влага во почвата, овие симптоми се губат. Основна мерка за заштита е употреба на здрав безвирусен саден материјал, уништување на лисните вошки и хигиенски мерки во насадите. |