Име на болест: Накадрување на лисјата кај јагодата - Strawberry crinkle cytorhabdovirus
Култура: ЈАГОДА
Опис: Првите симптоми се појавуваат на листовите во почетокот на вегетацијата, во вид на ситни точкести дамки, а подоцна во вид на поголеми хлорозни дамки неправилно распоредени. Дел од ткивото подоцна изумира и се јавуваат некрози. Вирусот се одржува во заразените растенија од јагода и се пренесува со заразен саден материјал. Основна мерка за заштита е производство и употреба на здрав саден материјал. Редовно уништување на лисните вошки со соодветни инсектициди. Отстранување и уништување на болните растенија.



повеќе слики >>

Препарати