Име на болест: Причнители на темната дамкавост на коренот - Pratylenchus spp.
Култура: ЈАГОДА
Опис: Карактеристичен симптом кои настануваат при болест предизвикана од овие нематоди е дамкавоста на коренот, според што и се наречени „нематоди на дамкавост на коренот“. На местото каде што се навлегуваат ларвите, ткивото изумира и во почетокот се појавуваат сиви, а подоцна темни до темнокафени дамки. Prtylenchus видовите се  миграторни облигатни ендофитни паразити и се развиваат во коренот од растенијата - домаќини. Оптималната температура за развој на овие нематоди е околу 30С. Овие нематоди може да се уништат со третирање на почвата со нематоциди при сеидбата, расадувањето или садењето на растенијата. За оваа цел може да се користи карбофурант.



повеќе слики >>

Препарати