Опис: Кај осетливите сорти од долната страна се рзвива нежен бел налеп, кој тешко се забележува , се развива брзо и ја прекрива целата лиска. Лисјата стануваат кожести, се свиткуваат од рабовите кон лицето. Плодовите стануваат тврди и не созреваат нормално. Инфицираните зрели плодови омекнуваат и гнијат. Тие имаат мирис на габи, на мувла. Паразитот презимува, главно, како мицелија во заразените растенија. Болеста се развива при температура од 15 - 17С и суво време. Инкубациониот период трае околу 6 дена. Заштитата се врши со одгледување на отпорни сорти, употреба на системични фунгициди од базата на бутонизација до појавата на првите зрели плодови. |