Опис: Симптомите се гниење на коренот и црвенило на јагодата. Растенијата кои страдаат од вакви гниења на коренот често покажуваат симптоми на жед и гладување и стануваат заслабени и осетливи кон напад од други патогени. Спречувањето на фитофторното гниење на коренот се постигнува со системичните фунгициди, како: пропамокарб, металаксил, фосетил, алуминиум, етазол и др. Исто така се спречува и со фумигација на почвата со една мешавина од метилбромид и хлорпкрин. |