Опис: Габата ја напаѓа јаготката, кај која предизвикува гниење на плодовите и гниење на кореновиот врат. Плодовите кај јагодата стануваат темно црвени, што зависи од зрелоста на плодовите и времето на инфекцијата. Габата излачува ток1сини со кои ги убива клетките, и во така умртвените клетки таа се развива некротрофно причинувајки разградување и гниење на кората. Инфекциите се остваруваат преку рани, оштетувања и природни отвори, како лентицелите, кои при услови на влажна почва се особено активни. Јагодата е најосетлива од цветањето до формирањето на плодовите. Спречувањето е тешко поради широките можности за ширење и одржување на паразитот. Треба да се употребува здрав посадочен материјал, да се избегнуваат осетливи подлошки (ММ - 104 и ММ - 106), а се препорачува ММ - 108. Се препорачува третирање на болните овошки со некој од препаратите на база: метлаксил, беналаксил, пропамокарб или етазол преку почвата. |