Опис: Кај јагодата ги напаѓа столоните, лисните дршки, плодовите и листовите. По столоните и лисните дршки, се забележуваат ситни црни дамки, коипотоа се зголемуваат и вдлабнуваат во ткивото. При топло и влажно време, плодовите може да бидат заразени во сите фази од нивниот развој. Како причинители на оваа болест кај јагодата се наведуваат габите: Colletotrichum acutatum, Colletotrichum gloeosporioides и Glomerella cingulata. Сите три габи причинуваат слични симптоми, кои во полски услови тешко се разликуваат. Кај јагодата се препорачуваат превентивни хемиски мерки, отстранување и спалување на исушените листови и столони рано во пролет.
|