Опис: Фитоплазмата ги напаѓа вегетативните и репродуктивните органи. Симптомите се карактеризираат со тератолошки промени, што доведуваат до „чудни“ појави кај растенијата: стерилност, деформации и позеленување на цветовите, трансформции на цветовите. Фитоплазмите се тркалезни, јајчести, а некои и со издолжена форма. Фитоплазмата се одржува во голем број природни домакини. Не се пренесува механички ниту со семе. Многу е важно да се следи популацијата и летот на цикадите, како и првите зарази кај осетливите растенија. Да се отстрануваат заразените растенија. Да се врши уништување на цикадите со соодветни инсектициди, како и спречување на плевелите. |