Опис: Нападнатите пупки или врвови, понекогаш не се ни развиваат, но потемнуваат, или се развиваат во кратки изданоци формирајки разгранети растенија со ситни и деформирани листови. Прво по долните, а потоа и по врвните листови се јавуваат мали жолтеникави дамки кои подоцна стануваат кафеаво црни. Нематодите ги инфицираат здравите растенија, на начин што тие пливаат во тенкиот слој од вода по површината на лисјата, што се формира од дождовите или од оросувањето. Како последица на некрозите некои од листовите опаѓаат. Неопходно е да се спроведат повеке превентивни меки. Лисјата и стеблото да се одржуваат суви, да не се влажни. Резниците да се земаат само од долги, јаки и здрави ластари. Ефикасно спречување може да се постигне со примена на дозволените нематоциди со прскање или залевање. |