Опис: Карактеристичен симптом е жолтеењето на рабовите од листовите, кое се шири кон нерватурата. Во есен, кај ваквите растенија, настапува предвремено поцрвенување на лисјата. Во лето, при високи температури и недостаток на влага во почвата, овие симптоми се губат. Вирусот се шири главно со заразен саден материјал. Во полски услови, вирусот го пренесуваатлисните вошки: Chaetosiphan fragaefolli, C. thomasi и сл. Основна мерка за заштита е употреба на здрав безвирусен саден материјал, уништување на лисните вошки и хигиенски мерки во насадите. |