Име на болест: Бактериски тумор или рак на коренот и кореновиот врат кај овошните видови - Rhizobium radibacter
Култура: КАПИНА
Опис: Бактерискиот рак се јавува во вид на тумори на коренот и при основата на стеблото во висина на нивото на почвата. Тумори може да се појават и на пресеците при пресечување на корените или при кроење на овошките. Болните растенија покажуваат послаб развој со светлообоени и ситни листови, послаб род и поситни плодови. Бактеријата се развива во топла почва(околу 20с) и со просечна влажност на почвата околу 60% од максималниот воден капацитет. Се развива при температура од 0 до 37с. Туморите се образуваат при температура помала од 15с. Основа мерка за заштита е производство на здрав садн материјал. Најдобар претходник за овошни насади е луцерката. Да се уништат инсектите(крвава вошка, стаклокрилци и сл. ).



повеќе слики >>

Препарати