Опис: Првите симптоми се забележуваат на листовите во вид на едно пожолтување, а потоа некрозирање, кое почнува од периферијата на лиските и се шири во вид на буквата V помеѓу нерватурата. На ластарите се развиваат, темнокафеави дамки, со различна големина. Во заразената примарна кора паразитот се сретнува во текот на зимата, а пролетта образува псевдотеции и пикниди. Ластарите од капината се посебно осетливи кон паразитот по период со високи температури. За уништување се препорачува режење на старите ластари непосредно по бербата. Во текот на вегетацијата се препорачуваат препарати врз база на: беномил и метилтиофанат, пред бербата, во тек на бербата и непосредно по бербата. |