Опис: Рѓата кај капината, може да предизвика сушење и изумирање на изданоците . При основата на ластарите се јавуваат уредосоруси со лимон жолта боја. Тие можат да бидат многубројни и крупни па да предизвикаат значајни оштетувања на ластарите. Подоцна на опачината од листовите се забележуваат ситни жолтеникави соруси, тие можат да доведат до опаѓање на листовите. Паразитот презимува во вид на мицелија во ластарите, а можеби и во вид на телеутоспори. За спречување се препорачува режење и палење на заразените ластари. Од фунгицидите може да дојдат во предвид: битертанол, триадименол, трифорин и др. |