Опис: Првите симптоми се забележуваат на листовите во вид на едно пожолтување, а потоа некрозирање, кое почнува од периферијата на лиските и се шири во вид на буквата V помеѓу нерватурата. На ластарите се развиваат, темнокафеави дамки, со различна големина. Во заразената примарна кора паразитот се сретнува во текот на зимата, а пролетта образува псевдотеции и пикниди. Ластарите од капината се посебно осетливи кон паразитот по период со високи температури. Насадите од капините редовно да се чистат од плевели и да се отстрануваат првите ластари. По бербата да се отстранат старите ластари, со цел да не помине заразата од нив на младите ластари. Рано во пролет да се третираат зрелите ластари со сулфурно - варна чорба или 2% Бордовска чорба. |