Име на болест: Вертицилиозно венење на растенијата - Verticillium dahliaе Kleb
Култура: СЛИВА
Опис: Доколку се заразени млади растенија, тие обично изумираат со претходно венење, а доколку се заразени постари растенија, тие заостануваат во растот, имаат поситни светлозелени до жолтеникави листови и потоа венат поединечни делови и растенијата и цели растенија. Инфекциите се остваруваат преку раните на кореновиот систем. Паразитот навлегува  преку раните, перидермисот, ендодермисот и достига до спроводните садови, каде што неговиот развој еограничен. Габата се развива во почва со реакција pH 4, 6 - 6, 7. Спречувањето на вертицилиозното венење кај растенијата е сложена и долготрајна работа. Тоа бара преземање на комплекс од агротехнички, хемиски па и физички мерки. Да се уништуваат растителните остатоци, да се уништуваат плевелите бидејки овие паразити напаѓаат и голем број плевелни растенија.



повеќе слики >>

Препарати