Опис: Бактерискиот рак се јавува во вид на тумори на коренот и при основата на стеблото во висина на нивото на почвата. Болните растенија покажуваат послаб развој со светло обоени и ситни листови. Со оглед на тоа дека напаѓа голем број на растителни видови, R. radiobacter е многу штетен за земјоделското производство. Бактеријата се развива во топла почва (околу 20с) и со просечна влажност на почвата околу 60% од максималниот воден капацитет. Се развива при температура од 0 до 37с (оптимални 25 - 30с). Туморите се образуваат при температура помала од 15с. Основна мерка за заштита е производство на здрав саден материјал. Да се уништат инсектите што ги оштетуваат вегетативните подлоги, садниците и овошките при основата на стеблото. Дезинфекција на приборот за калемење со потопување во 10% раствор од натриевхипохлорид или 70% етил алкохол. |