Опис: Симптомите се многу слични на тие што ги причинува Pseudomonas syringae pv. Syringae. Најкаркатеристична е појавата на рак рани на ветките, како последица на реакцијата на соседните ткива на местото на инфекцијата. Се појавуваат задебелувања на ветките со појава на смола, ластарите заостануваат во растот, пожолтуваат и изумираат, заразените пупки изумираат. Зголемената влажност и чeстите врнежи го фаворизираат развојот на бактеријата. Оптималната температура за развој на патогенот е 25C, максимална 35C, а се инактивира на 46C. За спречување на оваа бактериоза се препорачува употреба на бакарни фунгициди; со две третирања, првото во пролет пред цветњето на овошките, а второто во есен непосредно по опаѓањето на листовите. |