Име на болест: Бактериско изумирање на овошките и венење на зелјестите растенија - Pseudomonas syringae pv. syringae
Култура: СЛИВА
Опис: Причинува поцрнување и сушење на цветовите, ластарите, листовите па и младите плодови. Кај постарите ветки настанува пукање и изумирање на кората. При силни зарази, доведува до сушење на ветките. P. syringae pv. Syringae е полифагна бактерија, бидеји паразитира голем број дрвенести и зелјести растенија. Најчесто ги напаѓа: кајсијата, крушата, јаболката, виновата лоза, гравот, пиперката и други. Заштитата се врши со режење и палење на заразените ветки, па дури и цели овошки. За спречување на оваа бактериоза, кај пиперката се препорачуваат препарати врз база на бакарен хидроксид.



повеќе слики >>

Препарати