Опис: Симптомите се појавуваат по неколку години од инфекцијата. Општ симптом е појава на некрозни прстенести дамки по лисјата. Потоа, некрозираното ткиво испаѓа и лисјата изгледаат како да се изрешетани од сачмарка. Вирусот се инактивира при температура 55 - 62 C, ин витро при собна температура за 6 - 18 часа и при разредување на растителниот сок од 1: 10 - 1: 100. Во природни услови, вирусот се одржува во заразените овошки, трендафилот и во семето. Основна мерка е производство и употреба на здрав саден материјал. Тоа претставува тестирање на матичните овошки за калемгранки и семе. |