Име на болест: Гниење на кореновиот врат кај јаболката - Phytophthora cactorum
Култура: СЛИВА
Опис: Габата P. cactorum причинува изумирање на никулците кај јаболката, иглолисните и други дрвенести видови; изумирање на листовите и ветките кај јоргованот и кактусите; гниење на плодовите кај јаболка, круша, кајсија, слива и јаготка; гниење на кореновиот врат кај јаболка и јаготка. Инфекциите се остваруваат преку рани, оштетувања и природни отвори, како лентицелите, кои при услови на влажна почва почва се особено активни. Паразитот се разнесува со заразена почва што се наоѓа по садниците, средствата за работа и сл. Спречувањето е тешко поради широките можности за ширење и одржување на паразитот. Треба да се употребува здрав посадочен материјал, да се избегнуваат осетливи подлошки. Се препорачува третирање на болните овошки со некој од препаратите на база: металаксил, беналаксил, фотетил - алуминиум  или етазол преку почвата.



повеќе слики >>

Препарати