Опис: Најкарактеристични промени настануваат кај едногодишните ластари и ветките. Кај едногодишните ластари се забележуваат вдлабнати рани во кората. Леторастите се прстенесто зафатени и тогаш горниот дел се суши. Nectria galligena може да предизвика и гниење на плодовите од јаболката и крушата. Габата презимува во вид на мицелија и перитеции во рак раните. Перитециите почнуваат да се образубаат во есента на периферијата на кората од рак раните. Тие дозреваат во текот на зимата и во пролетта. Режење и палење на заразените ветки, прскање на овошките со бакарни фунгициди, непосредно по опаѓањето на листовите. |