Опис: Инфекциите на цветовите се остваруваат преку толчникот и столпчето. Во тој случај цветовите изумираат, венечните лифчиња стануваат кафени, овенуваат и се сушат, како да се попарени со врела вода. Раното кафеаво гниење на плодовите се развива поинтезивно во фазата на зреење на плодовите, на нив се забележуваат тркалезни дамки со кафеава боја, во кои ткивото гние. Габата, иако многу ретко, на мумифицираните плодови образува апотеции со аскуси и аскоспори. Габата презимува како трајна мицелија во заразените ветки и плодови. Најмасовни зарази се остваруваат при висока релативна влажност на воздухот, над 85%, врнежливо време и температура од 22с до 28с, при што инкубациониот период трае 2 - 4 дена. Заразените леторасти и ветки да се режат и спалуваат непосредно по цветањето. Мумифицираните плодови да се собираат и длабоко да се закопуваат. Хемиската заштита се изведува со прскање, почнувајки од рана пролет, со препарати врз база на бакарен хидроксид или бакарен оксихлорид. |