Опис: Габата напаѓа голем број шумски и овошни видови од различни родови (Cotoneaster, Prunus, Sorbus, Swida и др. ). Напаѓа пред се овошки кои се физиолошки заслабнети поради: неподготвени терени за овошни насади, измрзнување од доцни есенски и рани пролетни мразови, лоша исхрана, несоодветно кроење и сл. Паразитот навлегува преку различни рани. Кората кај болните ветки добива црвеникава боја, а потоа таа постанува кафеава. Таа е мека, влажна, со појава на смолатчење и со карактеристичен киселкаст вкус. Мерки за заштита се: избор на соодветни локалитети за овошните насади, да се избегнуваат ниските непроветрени локалитети, добра подготовка на почбата за насади, употреба на здрав, незаразен од вируси и фитоплазми посадочен материјал, режење и спалување на заразените овошки. |