Име на болест: Гниење на дрвото кај овошните видови - Fomes fulvus
Култура: СЛИВА
Опис: Кај болните овошки се манифестира во вид на брзо изумирање на ветките во целата овошка или во одделни делови од овошките, а најпосле завршува со изумирање на овошките. Гниењето обично почнува од стеблото, а се шири по главните ветки зафаќајќи ја целата овошка. Габата Fomes fulvus oбразува поединечни, ситни дрвенести и копитесто сплескани плодни тела, кои од горната страна се мазни или слабо набраздени, а по боја се сиви. Гниењето од оваа габа, кај нас се сретнува кај сливата, во насади кои се наогаат на почви со плитки потпочвени води, кај длабоко засадени овошки, заплевени при основата на стеблото и сл. Што доведува до физиолошко загушување на кореновиот систем и физиолошко заслабување на овошките. Мерки за заштита се: соодветно подготвување на површината за нови насади, на соодветен начин, спроведување на соодветна агротехника, уништување на плевелите околу овошките, уништување на плодните тела од габата. Заштита на овошките од оштетувања, чистење на изумрената кора и премачкување на раните со соодветни пасти.



повеќе слики >>

Препарати