Име на болест: „Сребрести листови“ или „оловен сјај“ кај овошките - Chondrostereum purpureum
Култура: СЛИВА
Опис: Основен видлив знак на болестa е појавата на „млечен сјај“ на листовите. Листовите од одделни ветки или цели овошки стануваат сребреникави. Од горната страна листовите изгледаат како да се посребрени. Најпосле по листовите се забележуваат ситни кафеави дамкички. Габата е паразит на рани, што значи инфекциите ги остваурува прку рани. Како причинител на млечниот сјај, може да биде и несоодветното виткање на ветките, при разведувањето на главните ветки. Основа мерка е ветките и стеблата да бидат што помалку оштетувани. Притоа се применува премачкување на раните со соодветни пасти, отстранување и палење на заразените ветки или цели овошки.



повеќе слики >>

Препарати