Име на болест: Црн рак кај јаболката - Botryosphaeria obtuse (Schwein) Shoe
Култура: СЛИВА
Опис: На кората од ластарите, ветките и стеблото се забележуваат карактеристични црвеникави дамки. Епидермисот, кој е умртвен, се одвојува од кората во вид на меурчиња. Кората е дезорганизирана. Таа при влажно врме омекнува, а при суво дехидрира, станува сува и напукната. Кај запуштените овошки и овошни насади, црниот рак се јавува и на стеблото. Плодовите најчесто се заразени пред бербата, кои при складиањето гнијат и добиваат црна боја (црно гниење) – црн рак. Габата во природни услови се одржува главно во вид на пикниди со пинкоспори. Пинкоспорите се ослободуваат во текот на целата вегетација и остваруваат инфекции при влажно и врнежливо време. Габата презимува и во вид на мицелија, која во пролет, во кората образува нови пикниди со пикноспори. Оптимална температура за остварување на инфекциите на листовите 26, 6С, кога листовите треба да бидат навлажени 4, 5 часа. Плодовите се инфицираат најмногу при 20 - 24С и влажнење од 9 часа. Паразитот најдобро навлегува во овошките преку рани, по режењето. Мерки за заштита се: добра подготовка на површината за овошни насади, по потреба дренирање, зелено ѓубрење, ѓубрење со арско ѓубриво, режење и спалување на заразените ветки па и цели овошки, зимско прскање барем во текот на две три години со Бордовска чорба, редовна хемиска заштита во текот на вегетацијата.



повеќе слики >>

Препарати