Опис: На ветките се забележуваат издолжени вдлабнати бразди, а и кај младите овошки и на стеблото. Со развојот на болеста, вдлабнатините потемнуваат и се поизразени, така што ветките стануваат сплеснати и се извиткуваат. Кората на ветките изумира и опаѓа. Спроводниот систем е нарушен поради што овошките заостануваат во порастот, се намалува родноста и се скратува животниот век на овошките. Оваа фитоплазма може да се пренесе со калемењето, ако се користат калемгранки од болни матични овошки. Основна мерка за спречување е користење на здрав репродукционен материјал.
|