Опис: Заспаните пупки на ветките потеруваат порано и од нив се развиваат тенки ластари и во однос на примарните ветки се поставени под остар агол. Тие во горниот дел потеруваат во повеќе тенки ластари и од далеку изгледаат како метла. Кај постарите овошки, на стеблото и на дебелите ветки, од заспаните пупки потеруваат голем број ластари. Листовите се ситни, тесни, честопати асиметрични. При основата на лисната дршка се развиваат покрупни прилистоци. Плодовите кај болните овошки се ситни, необоени, поставени на долги дршки и не се вкусни. Болните овошки можат да заздрават и одново да дадат плодови со нормална големина. Како заштита треба да се користат калем - гранки само од здрави матични овошки, да се употребува здрави садници, да се уништуваат болните садници и овошки, за лечење на болните овошки може да се користат антибиотици од групата на тетрациклинот. |