Име на болест: Сребрести листови или "оловен сјај" кај јаболката - Chondrostereum purpureum
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Основен видлив знак за болеста е појавата на млечен сјај на листовите. Листовите од одделни ветки или цели овошки стануваат сребреникави. Од горната страна листовите изгледаат како да се посребрени. Најпосле по листовите се забележуваат ситни кафеави дамкички, потоа листовите изумираат, се сушат, како и ветките на кои се наоѓале. Болеста постепено ги зафаќа целите овошки, а промената на дрвото се забележува и на рамените ветки, па и на стеблото. Кај сувите делови од дрвото се развиваат плодоносни тела со црвеникава боја поради што габата е наречена purpureum. Габата е паразит на рани, што значи инфекциите ги остварува преку рани. Како причинител на млечниот сјај може да биде и несоодветното виткање на ветките, при разведувањето на главните ветки. Основна мерка е ветките и стеблата да бидат што помалку оштетени. Притоа се применува премачкување на раните со соодветни пасти, отстранување и палење на заразените ветки или цели овошки.  



повеќе слики >>

Препарати