Опис: Болеста се манифестира главно на листовите. Од лицето на листовите се забележуваат многубројни ситни, црвеникави и тркалезни дамки, кои стануваат црвено - кафеави. Ткивото во нив некрозира. При влажни услови на опачината од листовите се јавуваат безлузлави скрами. Ткивото околу дамките пожолтува и листовите опаѓаат. Габата B. jaapii прзимува во паднатите листови, на кои во пролет при влажни услови се образуваат апотеции со аскуси и аскоспори. Апотециките се потопени длабоко во ткивото од листовите. Тие се ослободуваат при температра од 6 до 8С, кога се остваруваат и првите зарази. Покрај вишната, паразитот ја напаѓа и црешната, како и кајсијата и сливата. Основни мерки за заштита се намалување на инокуломот со заорување на паднатите листови. За заштита на садниците се препорачува прскање на секои 10 - 14 дена, а родните овошки да се прскаат по бербата. |