Опис: Габата напаѓа голем број шумски и овошни дрвенести видови. Болните овошки слабо растат и имаат ситни листови, кои жолтеат и опаѓаат. Помеѓу сувата кора и дрвото се забележува мицелија од бели или жолтеникави конци, покрај оваа белузлава мицелија, под кората се забележуваат и дебели црни конци. При приземниот дел од стеблото се развиваат печурки. Симптомите прво се појавуваат кај поединечните ветки, потоа на цели овошки: прво кај поединечни, а потоа ги зафаќа и околните овошки. Најпрво изумира коренот. Габата презимува во изумрените стебла, под кората или во почвата во вид на ризоморфи. Спречувањето е тешко. При засадувањето на овошни насади на ископачени шуми или грмушки или, пак, стари овошни насади, остатоците од дрвото и корените треба добро да се извадат, соберат и спалат. За дезинфекција на почвата може да се користат фумиганти, но тоа е скапо. |