Опис: Симптомите кај пиперката се манифестираат на листовите и има ситни црни некрозни дамки. Симптомите се на сите надземни делови, на листовите, стеблото, лисните дршки, чашкините ливчиња, па и по зелените плодови се развиваат многубројни, ситни, црни дамки со светлозелен до жолтеникав ореол. При влажно и ладно време во пластениците причинува опаѓање на цветовите и на штотуку заметнатите плодови. Alternaria alternata е паразит на слабост, напаѓа физиолошки заслабнати растенија. Спречувањето се изведува со соодветни фунгициди. Подобри резултати даваат бакарните препарати. |