Опис: Кај болните растенија се забележува пожолтување на нерватурата и венење на листовите. Венењето може да се појави на одделни листови. На стеблото се забележуваат некрозни дамки и рани. При основата на стеблото се забележува потемнување на спроводните садови. Се јавува гниење на коренот и основата на стеблото. Спроводните садови се умртвени и запечатени со метаболити кои ги прави габата. Симптомите се манифестираат особено во фазата на цветање на растенијата, како и при појава на првите плодови. Болните растенија се шират и зафаќаат помал или поголем дел од посевот. Патогенот се одржува во почвата, растителните остатоци. Инфекциите се остваруваат преку коренот, а се разнесуваат преку почвата, водата за наводнување и заразените растителни делови. За спречување, потребно е стерилизација, односно дезинфекција на почвата. Дезинфекцијата на се изведи на што поголема длабочина, за да не остани патогенот во подолните слоеви. |