Опис: На листовите, лисните дршки и стеблото, вирусот причинува силна некроза. Болните листови се деформираат, свиткуваат, накадруваат и стануваат крти и на допир шушкаат. На листовите има бели или кафени некрозни дамки. Вирусот се одржува во повеќегодишните плевелни растенија, се пренесува од нематодите, не се пренесува во допир помеѓу растенијата. За заштита посебно е важно уништување на плевелните растенија како негови домаќини. |