Опис: Се појавуваат симптоми од типот на хлороза, некроза и од нивна комбинација. При хлорозниот тип, на лисјата се јавуваат хлорозни дамки проследени со системични зарази и појава на општ мозаик. Некрозниот тип се карактеризира со некрози на листовите и стеблото. Заразените листови опаѓаат. Во случај на комбиниран тип, најпрво се развиваат хлорозни линии и прстени, кои подоцна некрозираат и листвите опаѓаат. Вирусот лесно се пренесува со допир помеѓу растенијата, од човекот, животните или од машините при движење во посевите. Може да го пренесат инсектите што гризат. Заштита со отстранување на болните растенија од посевите. |