Име на болест: Бронзена некроза на доматот - Tomato spotted wilt tospovirus
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: Кај пиперката, најмасовните зарази се остваруваат по расадувањето во полски услови. На листовите, исто така се забележуваат карактеристични концентрични кафени, бронзени до бели прстени. Растенијата заостануваат во растот. Честопати изумира врвот на растенијата. Најкарактеристични промени се забележуваат на плодовите. Тие се деформирани, со нерамна површина, со вдлабнати, бронзени до кафени линии и прстени. Плодовите додека се зелени, имаат изглед на кожа од крастава жаба. Кај зрелите плодови се забележуваат крупни жолти прстени. Вирусот е присутен во сите делови на растението и се инактивираат при температура од 40 до 460C.  Вирусот се одржува во повеќегодишните домаќини, во плевелите, може да презими во трипсот. Основна мерка за заштита е да се спречат инфекциите. Тоа е со уништување на изворите на инфекции (плевелните растенија), производство на расад, уништување на трипсите со соодветни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати