Име на болест: Црно дрво кај виновата лоза (Bois Noir) - Stolbur phytoplasma
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Оваа болест спаѓа во групата на болести на лозата од типот на жолтиците. Најчесто е присутна во комбинација со златното жолтило. Во Македонија исто така се евидентирани појави од оваа болест во сите лозарски региони. Болеста е многу слична со златното жолтило освен што не се јавува во групи, туку кај поединечни лози.  Жолтеење на лисјата со метален сјај и свиткување а рабовите од лиските кон опачината во облик на триаголник. Подоцна листовите некрозираат и во доцна есен тие стануваат кршливи. Ластарите не задрвенуваат потполно или задрвенуваат нерамномерно. Несозреаните делови или целите ластари во текнот на зимата поцрнуваат (црно дрво). Гроздинките се сушат и подоцна гроздовите се спуруваат и сушат.  



повеќе слики >>

Препарати