Опис: Заразите најчесто се остваруваат преку различни оштетувања од инсекти, како од јаболковиот молец и слично. Зафатеното ткиво брзо гние и добива кафеава боја. Гниењето се шири кружно и брзо, така што за кратко време го зафаќа целиот плод. Плодовите стануваат кафени, поради што се нарекува кафеаво гниење. При оптимална температура гниењето се развива брзо, за 7 - 14 дена целосно ги зафаќа плодовите. Спречувањето се изведува со мерките кои се изведуваат против чадливата краставост на крушата. |