Опис: Оваа габа е распространета низ целиот свет, но најзастапена е во тропските и суптропските подрачја. Таа е полифагна и напаѓа повеќе видови растенија од различни ботанички фамилии. Постојат повеќе специјализирани сорти кои морфолошки не се разликуваат, но се разликуваат биолошки паразитирајќи на различни растенија. Најмногу се јавува кај: јаболката, крушата, бадемот, вишната, црешата и виновата лоза.
Тие можат да бидат инфицирани од цветање до зреење. Кај плодовите во фазана цветање се забележуваат ситни светлосиви дамки, кои остануваат како такви се до зреењето. Кај подоцни зараи се развиваат ситни и малки вдлабнати светли и кафени дамки, кои кај зрелитеплодови можат можат да бидат со црвеникав ореол.
Гнилите плодови треба да се соберат и уништат. Заразените ветки да се изрежат и спалат. Пред бербата се препорачува прскање со каптан или со толилфлуанид или со беномил.
|