Име на болест: Гниење на дрвото кај овошните видови - Fomes fulvus
Култура: КРУША
Опис: Кај болните овошки се манифестира во вид на брзо изумирање на ветките во целата овошка или во одделни делови од овошките, а најпосле завршува со изумирање на целата овошка. На напречен пресек на стеблото и ветките се забележува карактеристични неправилно и концентрични гниење на ткивото. Средишниот дел од гнилото дрвоо е бледожолт и ронлив, а краевите можат да биднат и црвенокафеави. Гниењето од оваа габасе сретнува кај насади кои се наоѓаат на почви со плитки потпочвени води, кај длабоко засадени овошки, наорувани при обработка на почвата, заплевени при основата на стеблото што доведува до физиолошко загушување на кореновиот систем  (асфикција) и физиолошко заслабнување на овошките.
Спречување. Соодветно подигнување на насад, соодветна агротехника. Да се избегнува наранување на растението. Користење на соодветни пасти ( Сантар, Бајтан и др. ) Уништување на плевели и на плодните делови на габата. Исто така се користи и паста од 2 кг син камен+1. 5 кг гасена вар во 4л вода.



повеќе слики >>

Препарати