Опис: Габата напаѓа голем број шумски и овошни дрвенести видови. Се јавува во овошни насади кои се подигнати на ископаченини шуми, грмушки или по стари овошни насади. Болните овошки слабо растат и и имаат ситни листови, кои жолтеат и опаѓаат. Симптомите прво се појавуваат кај поединечни ветки, потоа на цели овошки и на крај се проширува на околните овошки. Помеѓу сувата кора и дрвото се забележува бела мицелија со жолтеникави конци. При приземниот дел од стеблото се развиваат печурки со боја на мед со пречник од 5 до 15 цм. Спречувањето е тешко. Сите остатоци од претходни насади треба да се отстранат и спалат. За дезинфекција на почвата може да се користат фумиганти, но тоа е прескапа инвестиција. |