Име на болест: Бактеристи тумор или рак на коренот и кореновиот кај овошните видови - Rhizobium radiobacter (Beijerinck & van Delden 1902)
Култура: ДУЊА
Опис:Ракот на кореновиот врат е распространет во целиот свет. Економско значење има за коскестите овошни видови. Туморите или галите со различна големина и облик се образуваат при основата на стеблото, на кореновиот врат (crown gall) и по главните корени од овошките. Штетното дејство се гледа во тоа што заразените садници се слабо развиени, честопати изумираат и не можат да се користат за  подигнување на овошни насади.
Симптоми. Туморите се наоѓаат на кореновиот врат и се со различна големина зависно од домаќинот и од времето на зараза.
Заштита. Основна мерка е производство на здрав саден материјал. Најдобар претходник за овошните насади е луцерката. На заразените површини да не се произведува саден материјал, ниту да се подигнуваат овошни насади најмалку три години. Доколку се појави заразените садници да се спалат, а останатите да се деинфицираат со потопување на коренот во раствор од антибиотици или 1% суспензија од некој препарат врз база на бакарен оксихлорид.



Препарати