Опис: Оваа болест може да се јави во две форми: акутна и хронична. Листовите се ситни и хлорозни. Овошките цветаат, но цветовите добиваат кафена боја и се сушат, без да паднат. И кај двете форми, кога ке се одвои кората од местото на калемењето, се забележува темнокафена до црна линија. Оваа појава го спречува транспортот на материи.
Интензитетот на болеста е посилен кај овошките калемени на подлошките Pyrus serotina и Pyrus ussuriensis, а е послаб кај овошките на дивата круша и некои вегетативни подлошки од дуња.
Спречување. Производство на здрав саден материјал, спречување на крушкини болви. Добар резултат дава со инјектирање на раствор од тетрациклин (100мг/литар) во стеблото( по 6 - 8 литри од растворот на една овошката), непосредно по бербата. |