Опис: Паразитот ги напаѓа: лисјата, цветовите, плодовите и едногодишните ластари. На младите листови се јавуваат кафеави дамки, кои брзо се шират и ги зафаќаат целите листови. Од горната страна на нападнатите листови се развива пепеласт налеп со мирис на бадем. Заразите кај плодовите се манифестираат по прецветувањето.
Заштита. Собирање и уништување на болните плодови. За заштита на дуњата се препорачува прскање на болните плодови. За заштита на дуњата се препорачува прскање пред цветење во фаза на појава на венечни ливчиња со некој од препаратите врз база на: винклозолин, просимидон, беномил, тиофанат метил, а пред бербата со толилфлуанид или трифлоксистробин. |