Име на болест: Сребрести листови или оловен сјај кај овошките - Chondrostereumpurpureum (Pers.) Pouzar
Култура: ДУЊА
Опис: Основен видлив знак за болеста е појавата на млечен сјај на листовите. Листовите од одделни ветки или цели овошки стануваат сребреникави, а потоа се забележуваат ситни кафеави дамкички. Кај сувите делови од дрвото се забележуваат плодоносни тела со црвеникава боја (purpureum). Оваа габа е паразит на рани, што значи инфекциите ги остварува преку рани. Како причинител на млечниот сјај може да биде и несоодветното виткање на ветките. Основна мерка е ветките и стеблата да бидат што помалку оштетувани. Притоа се применува премачкување на раните со соодветни пасти, отстранување и палење на заразените ветки или цели овошки.



повеќе слики >>

Препарати