Име на болест: Гниење на коренот кај дрвенестите растенија - Armillaria mellea (Vahl) P. Kumm
Култура: ДУЊА
Опис: Габата напаѓа голем број шумски и овошни дрвенести видоваи. Се јавува во овошни насади кои се подигнати на ископаленини шуми, грмушки или по стари овошни насади.
Болните овошки слабо растат и имаат ситни листови, кои жолтеат и опаѓаат. Сиптомите прво се појавуваат кај поединечни ветки, потоа на цели овошки. Најпрво изумира коренот. Помеѓу сувата кора и дрвото се забележува мицелија од бели или жолтеникави конци кои што меѓу себе се поврзани во вид на ветрило. Мицелијата од коренот се шири под кората и кај стеблото на висина од еден метар. На приземниот дел се развиваат печурки со боја на мед, со шречник од 5 до 15 цм.
Спречувањето е тешко. Можат да се користат фумиганти, но се прескапа инвестиција.



повеќе слики >>

Препарати