Име на болест: Пирсова болест на виновата лоза - Xylella fastidiosa wells
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: За прв пат е забележана во Јужна Америка во 1884. Бидејки причинителот се пренесува преку инсекти и алати за кроењe, долго време се сметало дека е вирусна болест. Во 1978 е утврдено дека се работи за бактерија. Примарни симптоми се прегорување на делови од листовите, венење и исушување на грозјето на ластарите. Секундарните симптоми се карактеризираат со прогресивно изумирање, со задоцнето потерување во пролет и спеченост на нападнатите делови од лозите. Болните лиски опаѓаат во есен, но дршките остануваат прицврстени за ластарите. Врвовите исто така се сушат како последица на сушење на кореновиот систем. Во спроводните ксилемски клетки се присутни тили, како и гумозни материи што ги зачепуваат и доведуваат до прегорување и сушење на цели лози. Оваа бактерија не е присутна во Европа. За Mакедонија и останатите европски земји е карантинска и е на листата на А1 карантински болести. Во САД се користат антибиотици со залевање на лозите со по 4 литри 50 и 100 ppm раствор од тетрациклин. За да се спречи ширењето на болеста преки репродукциониот материјал, се препорачува потопување на калемгранките пред  калемењето во топла вода од 45 oC за време од 3 часа, или 45 минути во вода топла над 50 oC.



повеќе слики >>

Препарати