Име на болест: Паразитско сушење на цветовите и гроздинките кај лозата - Phoma glomerata
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Оваа болест се појавила во Словенија и Хрватска во минатиот век. Се јавува пред и веднаш по цветањето. Сушењето на ресите на гроздинките настапува брзо и зрната добиваат кафеава боја, брзо се сушат и лесно се одвојуваат од ластарите.   При силни напади доаѓа до пукање на ластарите, посебно при основата, што личи на екскориозата на лозата. Габата презимува во вид на пикноспори во пикнидите во заразените ластари. Пикноспорите потоа ртат во капки вода и остваруваат инфекции директно преку  епидермисот на ресата. Болеста се јавува при врнежливо време во фазата на цветањето. Најчесто се јавува кај сортите: афус али, кардинал, рибери, жилавка ризлинг. За спречување на сушење на гроздовите може да се употребуваат препарати врз база на бакар, дитиокарбаматите и други, што се програмира при сузбивањето на пламеницата.



повеќе слики >>

Препарати