Име на болест: Свиларка (вилина косица) - Cuscuta pentagona
Култура: ДОМАТИ
Опис: Свиларката е опасен паразит, која се јавува и се шири во кругови. Таа е повеќегодишно растение. Има жолтопортокалово стебло и се развива повеќе на врвниот дел на растението. Нема листови и корен и се храни од растенијата со вода, минерални и органски материи. Свиларката дава голем број на семки, што ја задржуваат долго време ртливоста и долготрајна зараза на почвата. Презимува на стеблото. Уништувањето на свиларката е сложен процес и треба да се преземат превентивни и директни мерки. Од превентивните мерки се, употреба на чисто семе, да не се одгледуваат осетливи растенија. Директно уништување може да се прави со: косење на заразените места пред цветањето на свиларката, внимателно да се изнесе и запали. Исто така употреба на хербициди.



повеќе слики >>

Препарати